Цел свет ја осудува: Заштитната маска на Лана Дел Реј главна тема на разговор

Добивај вести на Viber

Фановите на Лана Дел Реј се изреволтирани од нејзината постапка, но не само тие.
Секој до кој што стаса фотографијата од Лана, ја осуди нејзината постапка.

Имено, во Лос Анџелес, на нејзина промоција на збирка поезија, пејачката се појави со неесодветна маска за заштита. 

Станува збор за маска направена од мрежа со кристали по неа, која буквално не врши никаква друга функција освен функција на моден детаљ.

На социјалните мрежи коментираат дека Дел Реј е неодговорна, дека тоа е срамота, „Те сакам, но маскатаа“, „Навистина сакаш да изгубиш фанови“, итн.

Покрај тоа медиумите пишуваат и дека Лана воопшто не внимавала на физичка дистанца на настанот.