Цел свет ме осудува, а не знаат колку вредат овие фотографии: Ќерка ми веќе заработи за куќа
Инфлуенсерството стана најпрофитабилна професија на денешницата, но децата инфлуенсери, а особено нивните родители и понатаму наидуваат на остри критики дека ги злоупотребуваат своите деца поради заработка.
Оваа мајка вели дека својата ќерка во светот на инфлуенсерите ја вовела кога имала само шест месеци.
Елис Приор од Беркшир има три години и нејзината мајка Софи Хау (28) со гордост истакнува дека е помеѓу најмладите, а најуспешни модни инфлуенсери.
„Благодарение на нејзината каериера, веќе заработила доволно за депозит за куќа“ - вели Софи.
Елис веќе наголемо соработува со бројни брендови во нивните кампањи за детска облека.
„Нејзиниот плакар вреди околу 2.000 фунти, што е многу кога ќе земете предвид дека сепак има само три години“ - истакнува Софи, а потоа додава:
„Луѓето ме осудуваат што заработувам на неа, но јас поголемиот дел од парите ги ставам на посебна сметка и парите ќе ги добие таа кога ќе порасне.“
Софи вели дека Елис уште како бебе била „преубава“, па посакала со сите да ги сподели нејзините фотографии. Практично, вееднаш по раѓањето ѝ отворила профил на Инстаграм.
„Како што растеше, добиваше сѐ поегзотичен изглед и сѐ повеќе луѓе ја следеа. Сѐ повеќе луѓе прашуваа од каде ѝ ја купуваме облеката. Со текот на времето, почнавме да соработуваме и со брендовите“ - открива оваа мајка.
„Многумина ме осудуваат, но јас мислам дека моделингот е регуларна работа која многу се исплати. Вака ѝ ја обезбедуваме иднината. Не ни е лесно ниту на нас, постојано сме на пат, постојано ја носиме на снимања и мораме да се грижиме да биде добро расположена и подготвена за соработка“.
фото: Instagram