Животна училница // Приказни
ЦЕЛА ПЛАТА ЗА СТРУЈА И ГРЕЕЊЕ: 9,5 милиони работници работат само за сметки
- 06 Септември, 2022 16:52

Европската конфедерација на синдикати предупреди дека во повеќето земји членки на ЕУ голем број работници треба да дадат цела плата за да ги покријат трошоците за енергија.
Во просек, слабо платените работници во ЕУ треба да платат повеќе од нивната месечна плата за да ги покријат сметките за енергија, покажа последната анализа на Европската конфедерација на синдикати. Во четири земји на ЕУ сметките за енергија се поскапи од просечната плата: Грција, Словачка, Чешка и Италија.