Често сте болни, несреќни и немате пари: Добро погледнете низ кујната, доколку имате нешто од овие работи веднаш исфрлете ги

Добивај вести на Viber

Проверете го фрижидерот, полиците и фиоките

Денеска проверете ја кујната и исчистете ја од предмети кои ве задушуваат, зафаќаат простор, без разлика дали се работи што можат да му наштетат на вашето здравје или кои повеќе не припаѓаат таму.

Дали знаевте дека чистата кујна привлекува пари? И дека ако направите некои ситници во оваа соба, може да ги избркате кавгите и неуспехот од куќата?

Причина плус да ги прочитате овие совети и да ја организирате вашата кујна!

Стари тапи од шишиња

Чувате тапа која има посебно значење за вас, на пример од шампањ или вино од вашата свадба. Дали навистина мислите дека повторно ќе ги искористите сите тие гломазни тапи? Само непотребно ја натрупуваат фиоката и прават неред.

Парчиња алуминиумска фолија

Дали чувате мали парчиња алуминиумска фолија мислејќи дека ќе бидат корисни за нешто? Верувајте ми, никогаш нема да бидат доволно големи за ништо, затоа слободно фрлете ги.

Пластични кутии за храна кои ја промениле бојата 

Доколку забележите дека пластичните садови во кои меѓу другото го носите ручекот на работа, ја промениле бојата, односно имаат флеки кои не се вадат со миење, тоа значи  е време да ги фрлите.

Излупени или потскршени садови

Овие садови може да бидат небезбедни за употреба, бидејќи ипотскршениот дел може да ве исече додека ги миете садовите или испуканата рачка од чашката може целосно да се откине додека ја користите. Затоа, фрлете ги таквите садови и користете ги неоштетените.

За'рѓани калапи за мафини

Во калапите во кои настанала 'рѓа, вашите мафини нема да се испечат убаво, туку ќе добијат застарен и изгорен вкус.

Црни дрвени лажици и друг дрвен прибор 

Изгорени или мувлосани? Што и да е, не е повредено да вложите неколку денари во чист, висококвалитетен дрвен кујнски прибор.

Сè на кое му поминало рокот на траење

Секоја кујна крие нешто што е со поминат рок. Проверете го фрижидерот, полиците и фиоките, бидејќи тука нема компромис - тоа мора да лета во канта!


Извор: www.alo.rs