„Чин на хуманост и храброст“: Аутистично момче чекореше по работ на висока пруга, спасено во последен момент од случаен минувач (ВИДЕО)

Вознемирувачко видео кое кружи на социјалните мрежи го привлече вниманието на јавноста, прикажувајќи опасна ситуација во која животот на едно дете бил доведен во сериозна опасност.
Според описот под видеото, станува збор за момче со аутизам кое успеало да се искачи на висока железничка пруга.
На снимката јасно се гледа како детето чекори по самите ивици на пругата, додека луѓето што се затекнале во близина со страв следат што ќе се случи. Во секој момент постоеше ризик момчето да падне од голема височина, што можело да има трагични последици.
Сепак, трагедијата беше избегната благодарение на храброста на еден човек кој без двоумење се искачи по пругата. Тој успеа да му пријде на детето, нежно го прегрна и го извлече на безбедно. За овој херојски потег веднаш доби аплауз од присутните кои не можеа да ја сокријат возбудата и олеснувањето.
Иако од самото видео не може да се дознае каде точно се случил овој немил настан, ниту пак кој се лицата што се гледаат во снимката, реакциите на социјалните мрежи се едногласни: се работи за чин на огромна храброст и хуманост.
Овој случај уште еднаш покажува дека постојат луѓе подготвени да го ризикуваат сопствениот живот за да спасат друг, без разлика дали станува збор за блиска личност или за потполен странец.
М.С.К*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“