Читателите на Женски магазин одбраа: Афродита - С нуди најдобри услуги за убавина во земјава

Добивај вести на Viber

Анкетата која ја спроведе Женски магазин, за услугите што ги нудат најпознатите салони за убавина кај нас е официјално затворена. Вие одбравте вака: 

Вкупно гласале 2511 читатели, а дури 1211 од нив го одбираат центарот за убавина „Афродита - С“, салон кој нуди надобри услуги за негата на една дама.

Второто место му припадна на салонот за убавина „Фигурела Студио“ со добиени 859 гласови, а третото место на салонот за убавина „Силуете“ со добиени 441 гласови.

Центарот за убавина „Афродита - С“ постои веќе 25 години. Од своите почетоци до денес  ги задоволува светските стандарди на најдобрите салони. Темел на досегашната успешност е максимална посветеност, градење на извонреден тим, вложувањето во нивна континуирана едукација и следење и имплементирање на светските иновации, посочуваат од салонот.