Чудо од растение: Еве зошто е добро да одгледувате чувар куќа

Оваа
исклучителна билка е повеќе корисна
Чувар куќа е повеќегодишно растение и е многу
прилагодливо и лесно за одгледување.
Обично расте максимум до 25 сантиметри. Доаѓа во
многу варијации, но најмногу се карактеризира со дебели лисја кои се полни со
вода и цвет во форма на ѕвезда.
Добро поднесува внатрешни и многу ниски надворешни
температури, што го прави многу еластичен и долготраен, за што сведочи и
неговото латинско име Semprevivum tectorum (секогаш жив).
Оваа билка, која има најмалку 30 варијации, покрај
тоа што е украсна и убаво ќе се вклопи во амбиентот на вашиот дом, е позната и
како стар народен лек, пред се за неговите корисни својства кои помагаат при
инфекции, ја намалуваат болката, воспалението и многу е исто така добар како
диуретик.
Нашите баби правеле чаеви, облоги, масти и сирупи
од ова лековито растение. Точно заради неговите лековити својства, кои се
многу. Покрај неговата употреба во традиционалната медицина, современата
медицина ги проучува и лековитите својства на ова растение, бидејќи
истражувањата покажаа дека има многу силен ефект врз одбраната на организмот од
канцерогени клетки, како и во санирање на компромитирана имунолошка состојба.
Ова растение е многу лесно да се одгледува и
одржува и не бара посебна грижа. Можете да го засадите во мали садови или дури
и во тегла.
Значи, ако одлучите да засадите чуват куќа - ќе
имате убава и благодарна украсна билка, во исто време, и доколку е потребно,
лек за прва помош!
ШТОМ СТАНАМ ЈАДАМ ПО ЕДЕН ЛИСТ ЧУВАР КУЌА: Еве што ми се случи после неколку денa