Чудотворни фрески и лековито масло: Во овој манастир во Македонија се верува дека се појавува духот на светецот во одредени периоди од годината

Лесновски
манастир - место од каде се развива култот за подвижничкиот живот
На 15 километри од Пробиштип, некад епомеѓу Кратово и Злетово , на старо вулканско подрачје, е распослано селото Лесново, прославено по својот манастир посветен на Св. Архангел Михаил, а меѓу народот познат како Лесновски манастир. Неговата локација е на 870 метри надморска височина, на планината Осогово.
Ако се затекнете на празникот Мала Богородица, кога има најмногу гости, манастирот во кој се замонашил пустиножителот Гаврил Лесновски, од љубовта и посветеноста на селаните ќе дознаете зошто тие до денес за свој заштитник го сметаат еден друг Гаврил од поново време и веруваат дека неговиот дух се појавува во одредени периоди во годината.
Црница од која се чул божјиот глас
Во манастирскиот двор се наоѓа дудинка - црница стара околу 600 години и з акоја монасите ќе ве предупредат дека дамката од нејзиниот плод никогаш нема да ја избелите. Дрвото е во облик на крст и се уште дава плод. Плодот почнува да зрее од Петровден и има плод до Мала Богородица. Со оваа црница е поврзана и легендата од периодот од османлиската власт на овие простори, која вели дека еден ден бегот Мурат, дошол во манастирот седнал под црницата да го потпише ферманот за неговото уништување. Тогаш слушнал глас,кој му рекол:
„Мурате не прави му никакво зло на овој манастир!“
Бегот мислел
дека тоа му го дофрла некој од монасите. Но откако го слушнал истиот глас по
трет пат, не сакал да послуша, тврдејќи дека се е лажно, дека верува само во
Алах и во оној што тој го испратил за да го шири исламот. Тогаш истиот глас му
рекол:
„Сега ќе се увериш дека ова е свето место и не треба да го осквернавиш“.
Во тој момент на бегот му се одзел видот и му се фатила целата десна страна. Во меѓувреме стигнал гласноговорникот да му каже дека истото ја снашло и неговата ќерка, и дека истото им се случило на неговите први луѓе. Тогаш тој гласно повикал:
„Верувам дека постои сила, дека ова место е свето и го оставам недопрено“.
Го искунал ферманот со устата и со левата рака, и на манастирор ставил знак полумесечина, што значело дека ќе биде заштитено од Османлиите. Во знак на благодарност откако сите негови блиски се повратиле, на манастирот му подарил 50-60 декари земја.
Фрескоживопис со мистериозна моќ
Денес во манастирскиот комплекс влегуваат манастирската црква, камбанарија, магацинска зграда со неколку помошни простории и обновенисте конаци од 19 век. Кога ќе влезете во внатрешноста на црквата ќе ве пречекаат вискокиот и раскошен иконостас и богат фрескоживопис, кој е добро зачуван. Иконостасот работен во ореово дрво со техника на длабока резба бил создаден во периодот помеѓу 1811 и1814 година и е дело на познатата тајфа мијачки мајстори - копаничари на чело со Петре Филиповски - Гарката. Фрескоживописот во црквата е посебна приказна. Престолните икони на Пресвета Богородица и Св. Јован Крстител и со дванаесетте апостоли од левата и десната страна. Наосот го фрескоживописала група од четворица зографи, почнуувајќи од 1341 година, а завршните фази биле заокружени во перидот од 1346 до 1347 година.
Лековитото масло од гробот на Гаврил Лесновски
Велат дека чудо се случило кога малата Лора од Кочани повторно проодела по молитвата и помазување со маслото од гробот на епископот Гаврил Светогорец. Нејзините родители биле изнемоштени од нападите и болките кои ги имала нивната ќерка. Дошле во манастирот барајќи ја последната надеж.
Гробот на епископот Гаврил Светогорец се наоѓа зад плаштаницата во црквата. Тоа место сега е најбарано од посетителите. Веднаш до гробот на отец Гаврил се наоѓа и гробот на неговиот татко, отец Кирил, кој по смртта на мајката на Гаврил дошол во црквата и се замонашил заедно со синот. Отец Гаврил станал духовен отец на својот биолошки татко.
Извор: Извадок од книгата „Чудесна Македонија“ - Радош ЈовановиќФото: Фејсбук