Црвена беретка и тренди капут со животински принт: Зои Блаж диктира мода за трудници

Македонската мејкап артистка Зорица Матијашиќ или попозната како Зои Блаж ужива во бременоста, но и во новогодишниот амбиент во Берлин заедно со нејзиниот сопруг, ракометарот Тадеј Матијашиќ.
Парот неодамна откри дека ќе станат родители на девојче.
На последната нејзина објава Зои позира пред новогодишна елка во тренди изгед. Црвен кежуал комплет, со бела ролка одоздола, искомбинирано со црвена беретка, капут со животински принт, кафена чанта и чизми.
Зои веќе извесен период живее во Германија и оттаму споделува совети за мејкап преку нејзиниот Инстаграм профил.
Во последната нејзина објава дава осврт на изминатат 2024 година.
„Фала 2024 за секоја исполнета желба: Фала за тоа што не чуваше сите живи и здрави, фала за нов почеток, фала за нови патишта, фала за најголемиот благослов што расте во меото меше“, напиша Зои.
Изминатата година ја оценува за една од поубавите и поуспешните и приватно и професионално.
„Се надевам дека 2025 година ќе биде уште поубава, посреќна и бериќетна за сите. Да сте ми живи и здрави и се гледаме во Новата година со многу нови проекти“.
Фото: ИнстаграмРЖМ