Да му ја подариме иднината на Божидар: 12-годишното момче што се бори со рак има потреба од нашата помош

Божидар Коцевски има само 12 години, а веќе се соочува со најтешката борба – борбата за живот. Во декември му беше дијагностициран редок и агресивен вид на рак – Ewing sarcoma reg. thoracis I. dex. До денес примил 10 хемотерапии, а пред него е уште една – по што мора итно да замине на операција во специјализираниот центар Princess Maxima Centrum во Холандија.
Операцијата не може да се изведе во Македонија, а времето е најголемиот непријател – секој ден е од пресудно значење.
Божидар е второ од три деца. Тој е момче со огромно срце и талент за уметност, кое најмногу сака да слика и да ја изразува својата душа преку боите и четките. Сега неговиот свет е загрозен од суровата болест, но неговите соништа не смеат да згаснат.
Семејството самостојно не може да ги покрие огромните трошоци за операцијата и лекувањето во странство. Потребната сума според профактурата изнесува 2.852.000 денари.
Затоа, време е сите заедно да застанеме зад Божидар.
* Секоја ваша донација е чекор кон спасување на едно детско срце кое заслужува иднина.
* Донирајте преку картичка – со износ од 100 до 6000 денари дневно по картичка – со клик на копчето „Поддржи ја кампањата“.
* Временската рамка е еден месец. Ајде да покажеме дека заедно можеме да создадеме чудо.