Да не беа странците, ќе изгоревме: Малешевци разочарани и исплашени

Добивај вести на Viber

Разочарани и исплашени се жителите на малешевските села кои деновиве се зафатени со катастрофални пожари.

Велат дека ако не беа соседите и странците, селата ќе изгореа и ќе се случеше катастрофа каква не е видена на европско тло досега. Сметаат дека институциите задоцнија со реакцијата. Велат дека со голи раце не се гаси пожар. Раскажуваат дека во регионот имало две - три локации каде горело, но никој не реагирал навреме, туку се реагираше кога веќе пламнаа цели шумски појаси. Особено се благодарни на странците за придонесот кој го дадоа и несебично помогнаа за ставање на пожарите под контрола. Во гаснење на огнот се вклучија армијата, противпожарните единици, и голем број доброволци. 

„Помогнаа многу Србите, Словенците беа спремни, и Австријците навистина многу добро се покажаа. Ние прво немаме возила како што треба и колку се ефикасни тие стари возила? Да не беа странците, Робово ќе изгореше. Сликата е жалосна, а да реагираа нашите немаше до ова да дојде. Шумите се уништени. Во Будинарци нема зафатени објекти. Најстрашно беше во петокот. Сите бевме во селото, никој не го напушти местото, туку следевме што се случува. Будинарци има 250 куќи, односно 550 жители. Вакво нешто не во Македонија, туку во Европа не се случило“, рече Ванчо Пармачки, претседател на месната заедница во селото Будинарци.

Целиот текст читајте го на Фактор тука.