Далеку од листата на здравје и благосостојба: Македонија сè уште го плаќа цехот на запуштените градови

Добивај вести на Viber

Додека европските метрополи како Мадрид, Лисабон и Виена се натпреваруваат која повеќе ќе инвестира во зелени површини, спа центри и квалитет на живот, Македонија останува на периферијата на здравиот урбан развој. Во земјава, концептот на „град за благосостојба“ сè уште е луксуз, а не јавен приоритет....
Мадрид постигна високи резултати во речиси секоја категорија, а особено се издвои благодарение на високиот квалитет на живот, со 360 бањи и просечно 2.712 сончеви часови годишно.

Платформата за резервација на патувања „Омио“ анализираше 17 различни фактори за да открие кои европски градови нудат најдобри услови за здрав и избалансиран живот, и за жителите и за посетителите. Шпанскиот главен град, Мадрид, беше на врвот на листата, со вкупен резултат од 78,62 од можни 100 поени.

Мадрид постигна висок резултат во речиси секоја категорија

Постојат многу фактори кои влијаат на здравјето во урбаните средини, од квалитетот на воздухот и нивото на бучава, до достапноста на зелени површини, можностите за рекреација и количината на сончева светлина. „Омио“ го зеде предвид сето ова, вклучувајќи го бројот на спа центри, теретани, нивоата на загадување и пристапноста за пешаци.

Мадрид постигна високи резултати во речиси секоја категорија, а особено се издвои благодарение на високиот квалитет на живот, со 360 спа центри и просек од 2.712 часа сончево време годишно. Не е ни чудо што неодамна беше прогласен за еден од најсончевите главни градови во Европа.

Лисабон го освои второто место, со резултат од 75,36, што исто така не е изненадувачки, особено затоа што градот најави отворање на нови мирни зони и бесплатен пристап до некои од своите најзелени градини.

Третото место го освои Виена, а меѓу градовите што се издвоија како најсоодветни за здравје и благосостојба беа Загреб, Љубљана и Будимпешта.

Најдобрите европски градови за здравје и благосостојба:

Мадрид

Лисабон

Виена

Прага

Амстердам

Хелсинки

Копенхаген

Талин

Рим

Загреб

Будимпешта

Љубљана

Берн

Берлин

Луксембург

Рига

Софија

Вилнус

Атина

Стокхолм

Ереван

Рејкјавик

Да беше Македонија дел од оваа анализа, нејзините резултати би биле — благо речено — поразителни. Главниот град Скопје, кој некогаш важеше за зелен и модерен центар, денес се соочува со високо загадување, недостиг на дрвореди, неплански урбанизам и минимум зони за рекреација. Наместо паркови, никнуваат згради; наместо велосипедски патеки, добиваме нови ленти за автомобили.

Во споредба со европските градови кои имаат по неколку стотици спа центри и десетици километри пешачки зони, Македонија нема ниту развиен концепт на wellness туризам, ниту сериозна политика за урбано здравје. Спортот е занемарен, парковите се преполни со бетон, а граѓаните сè почесто бегаат од градовите барајќи воздух по планините.

Иронијата е што Македонија има сè што ѝ треба за да биде високо на оваа листа – планини, извори, лековити бањи, сонце и топла клима. Но, без визија, сето тоа останува неискористен потенцијал.

Додека Европа ја мери благосостојбата во сончеви часови, број на паркови и пристап до здрав живот, ние сè уште се бориме со прашина, диви депонии и стари навики.

Ако нешто треба да научиме од оваа листа, тоа е дека здравјето на еден град не се гради со билборди и празни ветувања, туку со зелени политики, чист воздух и простор каде човек може да дише – буквално и метафорично.


РЖМ/ИС - ФОТО:Женскимагазин/ Unsplash Florian Wehde