Дали е можно: Кина ќе тестира град од 9 милиони жители- стравот од коронавирусот не ги поколеба

Добивај вести на Viber

Ако оваа земја се одлучи за ваков потег во секој град, тоа би било тестирање на над милијарда луѓе. 

Во градот Чингдао кој има девет милиони жители, Кина одлучи во рок од пет дена да спроведе масовно тестирање во 

Одлуката за масовно тестирање, јавува „Би-би-си“, следува откако во градот беа откриени десетина нови случаи со ковид, кои се поврзуваат со кластер од болница во која се лекувале пациенти пристигнати од странство. Конкретно биле откриени шест нови случаи со симптоми и исто толку асимптоматски.

Веќе се тестирани околу 114 000 лица, меѓу кои се медицинскиот персонал и пациентите хоспитализирани во градските болници, и тие добиле негативни резултати.

Новите случаи се забележани по одморот во т.н. „Златна недела“ во која Кинезите во првата недела од октомври го празнуваат создавањето на Народна Република Кина, а во која милиони жители биле на патувања.

Ова не е прво масовно тестирање на еден град во Кина. Во мај кинеските здравствени власти иста мерка спроведоа и во Вухан каде живеат 11 милиони луѓе – градот кој беше епицентар на глобалната пандемијата.