Дали сме за онлајн бар вечерва?

Добивај вести на Viber

Долготрајна изолација, затвореност во четири ѕида, недостаток на физички контакт, непосредно дружење и комуникација очи в очи, ова е секојдневието на модерниот човек во глобалната битка со коронавирусот. Битката не е завршена, но методите кои ги користиме во неа уште сега оставаат последици врз нас, а се уште е непознато како тие ќе се одразат на востановената досегашна практика на дружење кога пандемијата еден ден ќе мине.

Ова го поттикна Михаил Шишкин од Санкт Петерсбург да отвори онлајн бар со назив „Stay the F..k Home Bar“, користејќи го доменот „бар“ кој го купил за 90 евра. За само неколку дена во своето виртуелно кафуле нагостил 280 илајди луѓе од целиот свет. На почетокот, вели Шипкин, можел да угости најмногу 20 посетители – во една просторија 15 и во две сепариња по 4 гости, ама сега се „проширил“ на 12 простории во кои може истовремено да прими повеќе од 50 корисници.

-Сега треба да го усовршиме барот за да нема какофонија поради толкавата посетеност - вели Шишкин.

Тој е уверен дека во времето на карантинот луѓето уште повеќе копнеат за дружење на начин кој постоеше пред корона-кризата. Шишкин вели дека ова е меѓународен проект, но и многу интересен експеримент за човековото преживување и за новите односи меѓу луѓето.

Во изминатиов месец, откако ковид-ситуацијата, не затвори во домовите и социјално не изолираше, постојано се појавуваат и други платформи слични на оваа. Полека се создава виртуелен свет кој влезе во нашите домови – театар, оперски и балетски претстави, образование, вежбање јога, разни тренинзи и се  - во живо.

Овде може да погледнете: https://www.eventbrite.ie/d/online/parties/

Дали е ова почеток на нов цивилизациски однос? Веројатно. Но, уште сега е сигурно дека ќе ни треба многу време пред повторно да одиме на стадион со 50 илјади луѓе на трибините или на концерт – без чувство на неудобност и нелагода.