Дали знаете кои се овие девојки? Денес имаат светска слава, а една сестра изгледа непрепознатливо

Добивај вести на Viber

Сепак, на објавените слики јасно ја покажуваат нивната блискост низ различни фази од животот

Познатата манекенка неодамна на својот Инстаграм профил сподели емотивна објава за нејзината сестра, а на нејзините фотографии од детството една од нив е речиси непрепознатлива.

Станува збор за моделите Бела и Џиџи Хадид, а токму Џиџи неодамна го прослави својот 30-ти роденден, што беше совршен повод Бела да објави слатки фотографии, вклучувајќи ги и оние од најраните денови.

View this post on Instagram

A post shared by Bella  (@bellahadid)



Објавата доаѓа веднаш откако Бела, која неодамна се посвети на актерската кариера, ја загрижи јавноста со значително променетиот изглед за време на снимањето на новиот проект.

На старите фотографии, како што пишуваат странските медиуми, двете сестри изгледаат речиси непрепознатливо, особено Бела. Сепак, објавените слики јасно ја покажуваат нивната блискост низ различни фази од животот - од раѓањето на Бела до неодамнешните семејни моменти со ќерката на Џиџи, Каи.

„Не можам да верувам колку време сме неразделни. Јас сум толку среќна девојка! Среќен 30-ти роденден на мојата најдобра пријателка, мојата мила сестра...“ - напиша Бела на почетокот на објавата.


Таа и се заблагодари за се што ја научила, што ја сака и инспирирала, додавајќи дека Џиџи е забавна, креативна, грижлива и полна љубов.

„Имаш златно срце, секогаш мислиш на другите, но остануваш доследна на себе. Толку многу ме научи како да бидам своја во свет кој постојано се обидува да нè обликува според сопствените стандарди. Тоа е подарок што најмногу го ценам. Ти благодарам мамо Јоланда што ми ја подари првата најдобра пријателка и ти благодарам Џиџи што ја донесе мојата најнова најдобра другарка на светот!“, изјави Бела.

Во друга објава, таа сподели уште повеќе фотографии кои ја прикажуваат нивната длабока поврзаност. Инаку, Џиџи е најстарото дете на Јоланда и нејзиниот поранешен сопруг Мохамед Хадид. Покрај неа и Бела, заедно го имаат и синот Анвар.