Даниела починала со бебето на гради: Малото момче било само со денови, си ја глодало раката за да преживее
Даниела Ворд (29) е пронајдена мртва минатата недела во нејзиниот дом во Луизијана, а покрај неа било нејзиното двемесечно бебе кое со денови си ја глодало својата рака за да преживее.
Андриана, мајката на Даниела кажала дека таа и нејзиното дете биле кај неа само неколку дена пред да биде пронајдено телото, пренесува „The Sun“.
„Заедно одевме во училиштето. Убаво го поминавме денот. Тој петок 13-ти беше интересен“ - додаде скршената мајка.
Следното нешто што се случило е дека ја повикале од полиција за да оди да го идентификува телото.
Кога пристигнала, ѝ кажале дека нејзината 29-годишна ќерка е мртва веќе неколку дена, но дека нејзиниот внук Дреаун е жив и дека е пронајден покрај својата почината мајка.
„Тоа бебе било во станот додека телото се распаѓало, а неговата рака беше црвена и излупена од обидот да јаде за да преживее“ - кажа госпоѓа Вејд.
Бебе се наоѓа во болница, каде заздравува од дехидрацијата и повредата на раката. Андриана кажала дека е „вистинско чудо“ што нејзиниот внук е сѐ уште жив.
„Господ нѐ погледна. Многу е чудно. Раката ја гризел до крв. Таму бил со денови без храна и вода“ - кажа.
Во средата полицијата поврди дека Даниела умрела од предозирање.
„Не можам да верувам дека заврши вака. Не можам да верувам дека тоа се случи волку безо. Животот е толку краток“ - кажа тажната мајка.
фото: pixabay.comизвор: telegraf.rs