Данијела Димитровска сподели романтичен момент со партнерот: Манекенката со овој гест испрати важна порака

Добивај вести на Viber

Тие уживаат во љубовта и заедничките моменти...

Поранешната манекенка Данијела Димитровска е многу активна на социјалните мрежи, а сега ги воодушеви своите следбеници со нова објава.

На својот Инстаграм профил Данијела сподели фотографија со партнерот Џеврем Косниќ која предизвика лавина позитивни реакции кај фановите.


Во објавата која стана хит, Даниела ја покажа разликата помеѓу „Инстаграм реалноста“ и реалниот живот. На првата фотографија се гледа сериозен, совршено врамен момент, додека на втората е нивниот опуштен и забавен момент, кој предизвика смеа и воодушевување кај нејзините следбеници. Покрај сликите, Даниела напиша: „Инстаграм vs. реалност – кога се обидувам да се фотографираме заедно“.

Многу обожаватели коментираа колку е симпатична двојката и ја пофалија нивната природна и искрена врска. Минатата година Даниjела во едно интервју откри детали за нејзиниот приватен живот, вклучувајќи ја и можноста повторно да застане пред олтарот.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)



Таа потоа ги сподели своите размислувања за бракот, велејќи: „Некои работи никогаш не се планирани, тие едноставно се случуваат. Никогаш не сум бегала од брак. Кога има љубов, тогаш бракот е логична последица. Љубовта е нешто што секогаш ме водеше во животот. „Тоа е првата станица од која почнува сè.