Дел од успешните жени од АБИТ: Кој е клучот за успех на модерната успешна жена?

Добивај вести на Viber

Денес успешната жена е посветена и одговорна, а во исто време и образована и силна. Дозата на женственост која што ја има во неа, прави да се качува нагоре по скалилата на успехот, некогаш во високи потпетици, но некогаш и во патики трчајќи маратон полн со задачи. Но, секогаш носејќи ги нотесот и пенкалото во рака.

Борбата за поквалитетен живот никогаш не престанува ниту за дел од успешните дами кои што се дел од Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).  Тие предаваат долг период во АБИТ и имаат долгогодишно работно искуство. Дами кои што со своето знаење и неговите надградби, успеваат да градат успешна кариера, а и да дообучуваат лица кои што се подготвени за излегување од комфорната зона за да влезат во светот на знаењето и успехот.

Тој свет во АБИТ којшто Маја Андреевска Блажевска од Стопанска Банка АД Скопје, Олгица Спасевска од Шпаркасе Банка АД Сопје, Фросина Целеска од НБРСМ и Марија Сребренова Трендова од Комерцијална Банка АД Скопје, го приближуваат до студентите, е светот на банкарската специјализација. Тие ги поддржуваат едногодишните сертификациони програми за банкарска специјализација и одлучно ги воведуваат студентите на АБИТ во светот на банките и менаџирањето.

Оние дами кои што знаат како да управуваат со финансиите на клиентите, но и на државата, и знаат како да направат студентите на АБИТ да станат финансиски специјалисти се Вики Русевска Твртковиќ од Стопанска Банка АД Скопје, Татјана Ацковска која што е вршител на должност финансов директор во „Бетон“ и советничката во кабинетот на гувернерот на НБРСМ,Марија Ефремова. Тие се дел од едногодишните сертификациони програми за финансиска специјализација.

Раководител на сертификационата програма за ИТ специјализација во АБИТ е Д-р Татјана Василева Стојановска. Деловно интелигентна дама која преку современите корпоративни информациски системи, од основните концепти на податоци и податочни типови, ги опфaќа начините на трансформација и организација на податоците во податочните складови и мултидимензионални структури, за потоа да ја претставува основата на системите за поддршка при донесување на деловни одлуки. Звучи комплицирано, но не за оваа дама. Таа е  магистер по компјутерски науки, а во 2015 година докторирала на тема „Невро-фази на моделирање на видео - конферентен систем за учење на далечина“.

Уште две дами кои што го владеат светот на ИТ технологијата се д-р Снежана Черепналковска Дуковска, внатрешен ревизор во Народната банка на Република Северна Македонија со специјалност во областа на информатичките технологии и Виолета Велевска , ИТ професионалец, Scrum Master и QA специјалист. Тие во нивните дела на предавања и одговорност на курсот во АБИТ го обработуваат агилниот концепт на управување со проекти каде студентите се запознаваат со терминологијата и техниките кои се користат при овој концепт.

Овие дами владеат со светот на бизнисот, финансиите, банките и ИТ технологијата во Македонија. Преку АБИТ нудат германско знаење во македонската пракса. Кај нив е клучот на успехот.

Повеќе за предавачите и обуките во АБИТ посетете ја нивната веб страница www.abit.edu.mk и уверете се дека успехот се учи.