Денес уживајте во сонцето – од утре не заборавајте да понесете чадор! Еве какво време не очекува

Добивај вести на Viber

И во текот на денешниот ден не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат во интервал од 8 со 16 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 24 до 34 степени. 

Во Скопје исто така ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе биде 16 степени, додека дневната ќе достигне до 34 степени. 

Во следните денови се очекува промена на времето. Иако температурите и понатаму ќе останат високи, сепак, се најавуваат и дождови во попладневните часови.

- Променливо облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме - посочуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи. 

Извор: ФАКТОР