Денеска се осветува една од најголемите цркви во Скопје: Св. Мина во Сопиште станува нов духовен, културен и туристички центар на градот

Добивај вести на Viber

Денеска во присуство на високи претставници на МПЦ-ОА, локалната самоуправа и Владата, свечено беше осветена новата Црква „Св. Мина“ во општина Сопиште.

Овој духовен храм, кој со години ја чекаше својата конечна изградба, сега конечно ги отвори вратите за верниците и жителите на општината. „Св. Мина“ претставува една од најмаркантните градби во Сопиште и воедно е една од ретките цркви во која ќе се одржуваат редовни богослужби.

Извор: Женски магазин

Покрај својот верски и духовен карактер, црквата со својата импресивна архитектура има потенцијал да стане значајна туристичка атракција. Се очекува таа да привлече бројни посетители од земјава и од странство, дополнително заживувајќи го културниот и духовниот живот во регионот.

Во рамките на свеченоста, беше организирана и културно-уметничка програма, со што „Св. Мина“ се позиционира и како нов културен центар за младите и пошироката заедница.

Со осветувањето на овој храм, Сопиште доби нов духовен и културен симбол кој ќе има особено значење за идните генерации.