Дете хистерично вика на улица 10 минути: Дали го оправдувате потегот на мајката?

Добивај вести на Viber

Еден потег на мајката, навидум логичен, го наведе детето да трча кон прометна улица

Имено, едно дете хистерично викало 10 минути среде улица во Нов Белград само затоа што не сакало да оди дома, а мајката не успеала да го смири.

Детето луто, скока, се тресе и ѝ вика на својата мајка дека не сака да оди дома. Таа сцена продолжува и продолжува, а минувачите се обидуваат да и помогнат на жената. Потоа, поради еден нејзин потег, момчето трча кон прометна улица.

- Бидејќи целиот настан се случи во близина на трговскиот центар „Пирамида“ во Нов Белград, детето, откако избега од мајка си, од лутина започна да бега кон прометната улица. На крајот, луѓето што поминувале трчале по него за да не истрча на улица - изјави очевидец на настанот.

Што треба да направат сите родители кои ја доживуваат оваа ситуација со своето дете?

Родителите имаат обврска да им помогнат на децата да разберат и очекуваат да доживеат различни чувства во текот на животот, вклучително и лутина. Нормално е детето понекогаш да се чувствува луто, но важно е што ќе стори со таа емоција.

Кога детето ќе се налути, тоа не може да ги обработи информациите, ниту пак неговото тело е во вообичаен режим.

Ова не е време за поучување, но целта на родителите е да го водат детето низ овој тежок период. Психолозите советуваат дека смирениот разговор е најдобар.

Кога зборувате со дете, не заборавајте да користите неутрален, мирен и тивок тон. Речениците коишто ги изговарате нека бидат кратки и секогашповторувајте ја истата фраза. Повторувањето е корисно затоа што децата не обработуваат информации и зборови како и обично.

Реагирајте превентивно

Една од најдобрите работи што можете да направите е да го научите вашето дете на вештини што ќе му помогнат пред лутината да прерасне во епски размери.

Трикот е да го сторите тоа само кога тоа е во мирно и опуштено расположение, а не кога се лути.

Погледнете дали потегот на мајката беше оправдан на видеото. Како би се однесувале вие да сте на нејзино место, дали би пробале поостар метод во оваа ситуација и дали би го казниле детето потоа? Даливие бевте хистерични како дете? Дали некогаш сте му направиле ваква сцена на вашиот родител?


Извор: Telegraf.rs

Можеби ќе ве интересира:

Мудрите родители кога децата се хистерични не ги праваат овие работи