Девојка стана баба на 20 години: Можно е

Иако неговите внуци ги прават доволно среќни, таа и
нејзиниот 29-години постар
вереник сакаат да имаат заедно дете.
Оваа 20-годишна девојка веќе стана баба. Како е можно, прашувате?! Па, доволно беше да се сврши со 29-години постар маж, чии деца се постари од неа и веќе самите имаат деца.
Хана Енис го запозна својот сегашен свршеник Сем Прует (49) на работа, кога тие започнале да работат заедно во канцеларијата. Иако на почетокот и се чинел како „тврдоглав старец“, по секојдневното дружење и разговори, меѓу нив пламнала љубов.
Неговите внуци ја нарекуваат „баба“
Споделувајќи ја истата страст кон фотографијата, патувањата, филмовите и видео игрите, тие официјално станале пар на Денот на вљубените 2020. И двете семејства за овој необичен пар имале негативно мислење за нивната врска. Блиските на Хана верувале дека Сем е со неа затоа што е млада, а неговите, дека Хана била со него заради парите - и покрај фактот дека таа заработувала повеќе од него.
Во јули оваа година, парот одлучил да ја напушти работата и да се пресели во Тексас за да започне нов заеднички живот. Потоа, на 1 август, помалку од шест месеци по нивниот прв состанок, Хана го запросила Сем на нивното омилено место покрај океанот.
Иако децата на Сем, кои се постари од неа, избегнуваат да ја нарекуваат Хана „мама“, 20-годишната девојка стана „баба“ на неговите внуци и всушност тоа и се допаѓа, открива „Дејли меил“.
„На почетокот, излегување со Сем не ми идеше на ум. Искрено мислев дека тој е малку тврдоглав и премногу стар за мене. Никогаш не се замислував со него. Откако дозволив моето срце да ме води, знаев дека тој на мојата на душата и е потребен. Тој има неверојатна душа и срце. Тој е најдобрата личност што сум ја сретнала “, вели Енис.
Тие очајно сакаат дете заедно
„Нашата врска едноставно функционира. Постојат неколку помали недостатоци, како начинот на кој правиме одредени работи; имаме малку различни идеи за родителство и различни животни искуства, но ништо ненадминливо и важно“, тврди таа.
„Дебатата за бракот и децата беше најтешката работа. Имам 20 години и сакам деца и брак, но Сем има четири деца и беше во несреќен брак, кој се распадна во последните години. Тој сака повторно да се ожени и да има повеќе деца, но тоа не е нешто за што размислува секој ден. Во моментов се обидуваме да имаме дете“, признава Хана.
Иако ѝ е драго што стана „баба“, понекогаш ѝ е тешко да размислува за тоа на само 20 години. Сепак, девојчето верува дека оваа врска е многу посебна од сите претходни што ги имала, со мажи на нејзина возраст, бидејќи нејзиниот 29-години постар свршеник, како што таа вели, е зрел и полн со почит.
„Кога секој ден гледате некого и вашето срце се чувствува среќно и комплетно, тогаш знаете дека сте навистина заљубени. Таа личност не мора да биде на ваша возраст и целосно совршена, од суштинско значење е да се сакате. Кога сакате некого, вие само го знаете тоа, испрашувањето не е потребно. Дури и да е постар 29 години, твоето срце ќе ти каже дека е тоа вистинското“, заклучува Енис.
Фото: Инстгарам
Можеби ќе ве интересира: