Диџеј Мац стана татко: Бебето доби име со големо значење

Марјан Мац Петровски вчера стана татко.
Најубавата животна улога му ја подари сопругата Татјана која му роди син.
Петар е името на бебето кое ќе носи радост во семејството на Петровски.
Петар е машко, христијанско име со грчко потекло. Потекнува од грчко име „Петрос“ и значи карпа, камен.
Поради ова се смета за симбол за непристрасност, одлучност и непоколебливост. Името Петар му припаѓа на еден од дванаесетте Христови апостоли. Римокатолиците свети Петар го сметаат за првиот папа и сметаат дека сите останати папи се негови наследници.
Петар е име со силно и длабоко значење, луѓето коишто го носат се одликуваат со цврст и сериозен карактер. Тие се истрајни во своите намери кои најчесто ги водат до сигурен финансиски пат. Немаат проблем да се збогатат, но и да го зачуваат богатството.
Мац и Татјана стапија во брак на 5 август 2023.
ФОТО: Инстаграм принтскрин