До 25 септември без врнежи, потоа вистинска есен-eве ја прогнозата!

Добивај вести на Viber

Невообичаени ладни утра за овој период од годината со потпросечни температури на воздухот се пред нас, а преку денот ќе имаме многу сонце  и ведро време без никаква облачност. Наутро температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под 10 степени, локално и под 5 степени а на високите и на планинските места температурите ќе се спуштаат близу 0 степени, со што е можна појава на слаб мраз  и на слана, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Токму ова е поради влијанието на силниот Антициклон (Поле на висок воздушен притисок) кој е распространет во најголем дел од Европскиот Континент и истиот условува да имаме токму ваква временска ситуација и развој на вакви временски услови. Преку ден пак ќе биде пријатно топло со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени.

Ваквата временска состојба кај нас ќе се задржи се до 25 септември, по што следува голема промена на временската состојба кај нас, надоаѓање на вистинската есен и многу пониски температури на воздухот, многу повеќе врнежи а на планинските места и појава на снег“, вели Попоски.