Доказ дека гените се чудо: Внука на Џеки Кенеди иста на баба ѝ

Роуз Кенеди
Шлосберг претежно се држи далеку од очите на јавноста, но сите што ја виделе
велат дека таа неверојатно личи на нејзината баба, иконата на елеганцијата и
гламурот.
Иако потекнува од семејство кое се занимавало со политика, таа одбра поинаква кариера. Се занимава со филмови и видеографија и зад себе ја има серијата „End Times Girl Club“.
Роуз го доби името по Роуз Кенеди, мајката на Џон Кенеди. Идејата на Џеки беше дека, иако не ја сакаше нејзината свекрва, таа рече: „Стариот лилјак има 100 години, да ја почитуваме некако“.
Роуз исто така беше силно приврзана за Џон Кенеди Jуниор, а неговата смрт во 1999 година ја погоди силно. После тоа, таа паднала во тешка депресија за време на која не разговарала со никого и престанала да јаде. Нејзините баби и дедовци и оставиле вистинско богатство, па така таа на 14 години веќе била милионер.
И иако се држи подалеку од политиката, таа учествува во политичкиот живот. Таа донираше пари за кампањата на Обама во 2008 година и го поддржа демократот Алан Кејс во неговата кандидатура.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Тијана не знам дали знаеш дека си посвоена?