Животна училница // Приказни
Доктор Даниловски: КОВИД-19 нема да исчезне, за тоа треба 60 отсто од населението да стане имуно

За проекциите од Универзитет во Сингапур дека во јуни коронавирусот целосно ќе исчезне, доктор Драган Даниловски, епидемиолог, во интервју за ТВ Канал 5 вели дека стручњаците од таа земја што ги правеа проекциите за сите држави, не се доктори, и според него, сосема е погрешна формулацијата дека вирусот ќе исчезне.
„Тој нема да исчезне, туку ќе стивне. Затоа јас реков дека оваа рунда на борбата со вирусот практично човештвото ја добива. Не знам како ќе изгледа со Африка, бидејќи тие се на почеток на пандемијата. Не би рекол дека вирусот ќе исчезне. Тој, според епидемиолошката теорија, би исчезнал тогаш кога населението ќе биде имуно во пропорција 60 до 70 отсто. Но тоа нема да се случи преку ноќ, за тоа можеби ќе требаат година или две, но секако дека ние не можеме да се однесуваме толку рестриктивно и строго и да ги држиме континуирано толку долго мерките за да го задушиме веднаш“, целата изјава на доктор Данаилов прочитајте ја на Фактор.мк