Домаќинка: Каква мусака зготви професорката Гордана Силјановска Давкова?

Добивај вести на Viber

Само на неколку мигови до изборниот молк, професорката Гордана Силјановска Давкова која е во изборна трка, на падините од Матка приготви ручек, ама на нејзин начин.

Сето тоа го објави на Фејсбук и напиша:

„Во прекрасен амбиент меѓу недопрената природа на околината на Матка, под планина, а покрај шумот на реката Треска, зготвивме многу вкусна мусака со тиквички и сирење.

Македонската трпеза е многу богата со мириси и вкусови, а како нема да е кога нашата плодна почва изобилува со највкусниот зеленчук. Можеби затоа сум и вегетаријанка.

Преубаво попладне“.


Фото: Фејсбук