Досега оздравени вкупно 200 пациенти од Ковид-19: Потврдени се нови 18 случаи во последните 24 часа

Добивај вести на Viber

Од почетокот на коронавирусот во земјава до денес имаме вкупно 200 лица оздравени, соопшти на својот фејсбук профил, првиот човек на здравството во земјава, Венко Филипче. За жал во изминатото деноноќие три лица починале, а се регистрирани нови 18 случаи на ковид 19, со што вкупната бројка на заболени лица се искачи на 1225.