„Доста е од иницијативи што не ги слушаат семејствата, што жртвите ги користат како алатка за туѓи цели“: Апел од семејството на Теодора кој треба да се слушне

Добивај вести на Viber

Ева Ристовска, сестрата на прегазената Теодора од Тетово, денеска преку социјалните мрежи упати еден апел, кој треба да биде слушнат и пренесен од сите.

Го пренесуваме во целост:

„Најпрво, искрена благодарност до целата јавност, медиумите и особено до Премиерот Христијан Мицкоски за навремената реакција и поддршка. Веруваме дека таа поддршка веќе дава резултати и се надеваме дека Судскиот совет ќе постапи по скандалозната пресуда на судијата Ељведин Ферати. Како семејство имаме сомнежи дека зад одлуката стојат политика, мито и корупција, и нема да запреме додека не се изнесе правдата на виделина.

Во врска со најавениот протест во Скопје од иницијативата “Кој е следен?” јавно кажуваме: НЕ ГО ПОДДРЖУВАМЕ.

Никој не нè праша, не нè извести, не побара мислење. Зошто протест во Скопје кога сè се случи во Тетово? Таму живееше Теодора, таму беше убиена, таму судијата донесе срамна одлука, и таму шета слободно убиецот.

На последниот протест, нашата мајка лично побара протест во Тетово, беше одбиена. Зошто?

Јавно прашуваме: каде беше “Кој е следен?” кога се изрекуваше срамната пресуда? Каде беа кога беше најпотребно?

Доста е од иницијативи што не ги слушаат семејствата, што жртвите ги користат како алатка за туѓи цели.

Затоа повикуваме:

Тетовчани, излезете со нас за Теодора, за вистината, за правдата.

Не во Скопје. Не со нив. Во Тетово, каде што почна неправдата, таму мора да заврши.

Без политиканство! Наша единствена политика е Теодора!

ПРАВДА ЗА ТЕОДОРА!“ - пишува во апелот.

22-годишната Теодора настрада во септември 2022 година кога беше прегазена во Тетово од БМВ кое го управувал двојно постариот Менсур Пајазити.

Тетовскиот суд во ноември 2023-та година пресудува три ипол години затвор за возачот. Тој се пожали на висината на казната.

Вишото јавно обвинителство во Гостивар се согласува со неговата жалба, а Апелациониот суд во Гостивар му ја намалува казната на Пајазити, на две години затвор.

Но тој не оди во затвор, туку Врховниот суд го уважува неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата и ги укинува двете пресуди на пониските судови и го врака предметот на повторно судење во основниот суд.

Пајазити е обвинет за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од ставот 4 за кој е предвидена затвор од една до пет години