Драма во куќата на фудбалерот: Ја тепал девојка му, таа објави фотографии од модриците

Фудбалерот на „Боке Јуниорс“, Себастијан Вила (23) е под удар на јавноста, обвинет за наводно тепање на својата девојка Даниел Кортес, која на Инстаграм објави фотографии од повреди и исекотини на нејзиното тело, обвинувајќи го фудбалерот дека ја претепал.
И двајцата се Колумбијци -живеат заедно во Буенос Аирес, во врска се повеќе од две години, девојката вели дека физичкото насилство се повторувало повеќепати.
Нејзиниот пост на Инстаграм предизвика големо внимание во Аргентина, како и во бројни медиуми низ светот, бидејќи на видеото кое го постираше таа плаче и потресена е.
Решила да го сподели својот проблем со сите, плашејќи се дека „ќе се случи нешто уште пострашно“.
- За жал, морам да го сторам тоа затоа што веќе не можам да толерирам што ми прави. Ние живееме заедно веќе две години и ова не е прв пат да се случува ова. Му простив и мислев дека тој ќе се смени, но не - напиша Кортес.
- Ова го објавувам затоа што сакам сите да видат дека е ѕeвер и ѓубре. Имам сведоци за физичко и психичко насилство. Не можам да верувам дека некој е способен да го стори тоа. Се плашам дека ќе се случи дури и нешто пострашно.
Ова е вистината за Себастијан Вила, мажот што тепа жени. Барам од државата да ми помогне бидејќи сакам да бидам со семејството и ќерката - напиша Даниел под приложените фотографии.
Тимот Бока одговори со изјава, велејќи дека ова е преземено многу сериозно, агентот на играчот и адвокатот биле контактирани и дека тие ќе бидат достапни за полицијата и судството за што и да се бара од нив.
Насилството се зголемува на светско ниво откога се воведени мерките за останување дома, жените се се' уште најголеми жртви на семејно насилство, тоа го покажаа и статистиките на ниво на Македонија.