„Душичке ранета, кој ли да те прегрне“: Каролина и пораката во песната

Добивај вести на Viber

Една од нашите најголеми музички диви Каролина Гочева испеала досега безброј хитови кои ќе останат запишани во македонската музичка историја за навек. Такви евергрини кои го галат и растажуваат срцето, кои го воспеваат животот и кои раскажуваат приказни. Една од тие песни е токму оваа, уште при првото слушање ви наидуваат морници. Но таа е и ода на храбрите...
Каролина Гочева - Кој да ми запее

Сѐ јас сум си

сама во сенките густи

Кој сите дни предолги

да ми ги скуси?

Душичке ранета,

кој ли да те прегрне?

Без него сега кој,

кој ли да ти пее,

на белиов свет?

Еј, што ми беше

срцето живо

еј, што си имав

со него живот

ах, што се скина,

небото сето,

жедна сум жедна за пој.

Ех, што ми беше времето свето

ко поле со јорговани сето

ах, домот мраз го стори сред лето

жедна сум жедна за пој.

Кој да ми запее, кој?

Трај, мисло трај,

замолчи пред моиве усни

мир, трошка дај,

очиве полиња пусти

Душичке ранета,

кој ли да те прегрне?

Без него сега кој,

кој ли да ти пее,

на белиов свет?