Душко Тошиќ се откажа од голем бизнис: Сега повеќе време ќе им дава на овие две дами

Добивај вести на Viber

Српскиот фудбалер Душко Тошиќ пред неколку години се повлече од фудбалот, а во текот на кариерата настапуваше и за репрезентацијата. Тошиќ се збогуваше од фудбалот, но остана во овој спорт како тренер.

Покрај спортот, решил да се впушти во некои други води, па започнал бизнис поврзан со недвижнини, а на помош му дошле блиски пријатели.

Душко стана сопственик и на ресторан во Нов Белград, но како што пренесуваат медиумите по една година решил да се збогува со овој бизнис.

Во меѓувреме, Тошиќ сфатил дека оваа работа не е за него, па одлучил да го затвори ресторанот и да се посвети на други активности, како и да поминува време со ќерките Атина и Ника.

- Сака да работи и да создава, а често и експериментира со проекти. Работата и децата се негова главна преокупација. Има пријатели со кои добро соработува. Тој го обиколи светот и точно знае што му се исплаќа да прави, а што не. Го напушта ресторанот што го отвори со пријателите, но тој проект сепак продолжува да работи - изјави извор близок до поранешниот сопруг на пејачката Јелена Карлеуша.