Двајцата во црно на нивната веридба: Се жени Мустафа Сандал, поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ

Добивај вести на Viber

Вереницата во црн фустан, Мустафа Сандал блеска од среќа!

Популарниот турски пејач и поранешен сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал го направи првиот чекор кон брак со две децении помладата Мелис Сутсуруп, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од веридбата кои сведочат за нивната среќа.

Турскиот пејач Мустафа Сандал (52) наскоро ќе се ожени со Мелис Сутсуруп, две децении помладата убавица, објавија медиумите, а вчера тие правеа веридба.

Русокосата инфлуенсерка и музичка ѕвезда организираа романтична церемонија за веридбата, на која ги собраа своите најблиски, а парот гордо сподели фотографии направени по тој повод.

- Сега ми е вереник, но засекогаш ќе биде моја љубов - напиша среќната Мелиса.

View this post on Instagram

A post shared by Melis Sutsurup (@melisutsurup)


Парот за оваа пригода избра црна облека: Мустафа облече црни панталони и маица, а Мелис црн фустан со детали од тантела. А ги покажаа и прстените и тортата.

Тие веќе некое време уживаат во хармонична врска, а неодамна Мелис на својот роденден јавно испрати порака на својот сакан колку го сака.

- Среќен роденден, идно презиме – напиша меѓудругото тогаш таа на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Melis Sutsurup (@melisutsurup)


Да потсетиме, Мустафа од 2008 до 2018 година беше во брак со српската пејачка Емина Јаховиќ, со која има два сина - Јаман и Јавуз.

Веридбата на Мустафа и Мелиса беше вчера, а токму денес пак, неговиот син со Емина, Јавуз слави роденден, а по тој повод Мустафа му честита на Инстаграм:

View this post on Instagram

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)


Инаку Мустафа и Мелис беа „фатени“ за прв пат заедно во мај 2019 година, а турските медиуми зуеја за снимките и фотографиите на кои пејачот и неговата нова девојка се држат за раце. 

извор:GLOSSY

Русокоса убавица: Поранешнит сопруг на Емина веќе не ja крие 20 години помладатa девојка