Легендите не стареат: Дарко Панчев прослави јубилеен роденден

Добивај вести на Viber

Еден од најголемите фудбалери што Македонија ги има изнедрено, Дарко Панчев, вчера наполни 60 години, а големиот јубилеј го прослави во семејна атмосфера. На фотографиите се гледа радоста на нашата фудбалска легенда, кој со широка насмевка го дочека својот специјален ден, опкружен со најблиските.

Тортите беа вистински „фудбалски спектакл“ – едната со симболична златна топка, а другата украсена со детали од цигари и шише коњак, кои носат симболика за зрелоста и животното уживање. Бројката 60 гордо стоеше над свеќичките, а Дарко изгледаше смирено и исполнето, покажувајќи дека и по сите успеси и предизвици низ годините, најважни се љубовта и топлината во домот.


„Најсреќниот нека е тато наш“ – напишаа неговите најблиски на фотките, споделувајќи емотивна честитка на социјалните мрежи, со што уште еднаш потврди дека најголемата победа на Дарко не се головите на теренот, туку семејството кое стои зад него.


Овој роденден беше вистинска потврда дека легендите не стареат – тие само добиваат нова сјајност и нова причина за гордост.