За лошото однесување на децата, виновни се мајката и таткото: Учителка сум и ги мразм родителите од три причини

Добивај вести на Viber

Почна новата училишна година, а една учителка го искористи тој момент за да го изнесе своето мислење за децата кои се однесуваат лошо и за нивните родители.

Сè започна откако една жена напиша дека наставниците и учителите ги обвинуваат родителите - миленијалци за лошото однесување на децата и дека не ѝ е јасно зошто е тоа така. Оваа објава имала стотици коментари, главно од просветни работници, кои открија дека навистина сметаат дека родителите се „проблемот“.

Во коментарите се издвоил став на една учителка која навела три работи што ги забележала кај родителите во училиштето каде што работи.

„Ако видите дете кое има проблем со однесувањето, веднаш ви станува јасно зошто е такво кога ќе ги запознаете родителите – во девет од десет случаи“, напиша таа.

Втората работа што ја посочила е дека се сменил односот кон образованието, па „просветните работници повеќе не можат да се потпрат на родителите како партнери во тимот. Наместо тоа, родителите имаат тенденција да бидат спротивставени доколку се појави проблем“.

Freepik

Третата работа што ја истакнала е: „Системите за жалби во образованието знаат да бидат неверојатно благи – што значи дека е многу тешко да се спроведе било каква дисциплинска мерка. Родителите често се жалат на секоја изречена казна. Се жалат на жалбата. Па на жалбата на жалба, итн.“

Сепак, таа нагласила дека со децата нема никакви проблеми и ги опишала како „сјајни мали ученици“.

Друга наставничка, која се согласила со овие забелешки, додала и свои согледувања:

„Предавањето е една од ретките професии за која луѓето мислат дека професионалците не знаат најдобро и дека не треба да имаат контрола. Некогаш, родителите мислат дека тоа што се родители значи дека се и експерти во секоја област од животот на децата.“

Таа открила дека родителите често бараат наставниците да ги учат децата токму на она што мама и тато сакаат, и тоа на начин каков што тие замислуваат.

„Тоа е глупаво. И тоа ја прави наставата многу тешка.“

Дополнувајќи на ова, еден наставник прокоментирал: „Сите проблеми со однесувањето на детето потекнуваат од родителите. Да, секој проблем со ученик е последица на лошо, мрзливо родителство. Имаме родители кои имаат самоуверени, арогантни ставови. Ние сме на првата линија, гледаме како изгледа родителството – и тоа воопшто не е убаво, луѓе.“

Извор / Фото: EPA