Со говори и пораки за идентитетските прашања на високи владини претставници, денеска отворена обновената поставка на Археолошкиот музеј на Република Македонија

Денеска, пред големиот државен празник, Денот на независноста, беше отворена обновената музејска поставка на Археолошкиот музеј на Република Македонија во присуство на високи владини преставници.
На површина од околу 6000 м2, распределени во 122 современо дизајнирани витирини, посетителите на музејот ќе може да откријат 5000 археолошки предмети кои ја раскажуваат историјата на Македонија - од најстарите траги на човекот, па сѐ новото време.
Поставката е системски организирана во 18 оддели, кои ги претставуваат клучните периоди и култури: Палеолит, Неолит, Енеолит, Бронѕено време, Железно време, Ахајски период, Класичен период, Хеленистички период, Римски период, Доцна антика, Средновековен период, Османлиски период, XIX и XX век, Лапидариум, Античка и Средновековна нумизматика.
На отворањето на реобновената поставка на Археолошкиот музеј, поздравен говор за присутните одржаа директорката на Музејот - Магдалена Манаскова, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, како и премиерот на Македонија - Христијан Мицкоски.
-Во последно време, многу често ни го поставуваа прашањето - Што вие всушност ќе отворате, кога музејот е веќе отворен? - вака го почна своето излагање, директорката на Археолошкиот музеј на Република Македонија.
Таа додаде дека функцијата на музеите во новото време, не е да бидат статични храмови на минатото, туку динамични институции кои постојано се менуваат. Според современата музеолошка теорија, музејот е жив организам, место на дијалог со заедницата, лабораторија на идеи и простор за контиунурана трансформација.
Во Археолошкиот музеј покрај тоа што се реобновени досега постоечки музејски материјали, збогатени се со нови и досега не изложувани предмети, собрани со архолошката работа изминатите неколку години.
Во својот говор министерот Љутков потенцираше дека во изминатите години, Музејот бил неправедно запоставен, во намера да се реконструираат идентитетските прашања, музејската наука била потисната, со самото тоа работата на Музејот била замрена.
-Независноста не е само политички чин, ниту симболична декларација, независноста е живо ткаеење од сеќавањата, докази и сведоштва. Таа е во предметите што ги чуваме, во историјата која ја пренесуваме, во вистината што љубоморно ја чуваме и не дозволуваме да биде избришана, изјави министерот за култура и туризам - Зоран Љутков.
Во својот говор за присутните, премиерот Хрисијан Мицкоски се осврна на независнота, како највисок чин на самосвест на еден народ преточен во реализација на своите идеи за заедништво и споделување на идентитетска симбиоза.
-Отворањето на новата поставка не е само културен чин, туку и силна порака дека Македонија ја цени својата историја, ја претвора во светло, што ја води иднината. По речиси седум години мораториум на претходната Влада врз ваков значаен сегмент, денеска испраќаме порака дека нема повеќе застој, нема запоставување на она што е темел на нашиот идентитет, изјави премиерот Мицкоски.
По говорите на високите владини претставници, присутните беа поканети да ја погледнат обновената поставка со поминување низ сите простории на Музејот, што граѓаните можат да го сторат во наредниот период секој работен ден во рамките на работното време на Музејот.
М.С.К