Водата во црквата „Света Недела“ што лекува: Верниците сведочат за чудесни исцелувања

Во црквата „Света Недела“ во Крушево извира вода за која верниците веруваат дека има лековити својства. Според нивните сведоштва, таа помага при немир, главоболка, болки во очите, а некои дури тврдат дека имала моќ и да излекува потешки болести.
Еден верник споделува дека негов пријател пиел еден месец од водата и целосно се ослободил од камења во бубрезите. Други пак, раскажуваат дека двајца слепи луѓе успеале да прогледаат, а жена сведочела дека по чудото почувствувала Крушево како свој „втор дом“.
„Кога се верува во Бог, се стигнува до посакуваната цел. Правете добри дела, верувајте и љубете се еден со друг“, порачуваат верниците, повикувајќи ги сите што имаат потреба да ја посетат црквата и да се напојат со оваа, како што велат, благословена вода.
За многумина, „Света Недела“ е место на надеж и духовен мир, каде што верата и исцелувањето одат рака под рака.