Животна училница // Приказни
Две чесни сестри починаа во ист ден во Македонија: Тие беа и сестри по крвна линија
- 21 Октомври, 2020 12:02

По кратко боледување, утрово починаа две сестри Евхаристинки, кои се и родени сестри, с. Леонтија и с. Татјана.
Сестра Леонтија долги години работеше како медицинска сестра во ЈЗУ Општа болница во Струмица, во нејзиниот роден крај. Леонтија, или позната мегу своите како Лила ќе биде погребена денес на струмичките Католички гробишта.
Сестра Татјана, го водеше Катедралниот хор во Скопје, Татјана ќе биде погребана утре на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје.
Верниците кои ги познаваа сестрите низ солзи во очи велат дека биле прекрасни души, сестри кои секогаш биле тука за секого, да помогнат, да насочат.
Нека почиваат во мир. Бог да ги прости.