ЕКОНОМИЈАТА НИКОГАШ НЕ Е ЗДОДЕВНА ВО ФАКТОР - 10 години ексклузивни и проверени бизнис вести, 10 ГОДИНИ ДОВЕРБА

Добивај вести на Viber

Некои велат дека економијата е здодевна и неразбирлива наука, тешка да се научи, а уште повеќе да се разбере. А слични епитети можеби добивале и економските вести и теми во медиумите. Тие обично важеле за некако застрашувачки и не толку достапни четива за широката публика, па често бивале и прескокнувани за сметка на попримамливи и полесни писанија.

НО, НЕ И ВО ФАКТОР.

Фактор, почитувани читатели, веќе десет години наназад, како медиум со главно економски предзнак и лајт мотив, успеа да ја направи економијата и економските текстови интересни, корисни и разбирливи за секого. 

Доволен доказ за тоа е се поголемиот број ваши реакции, коментари, вашата доверба која секојдневно се повеќе ни ја давате. Многу често не фалите, не ретко и самите ни откривате информации, а некогаш, за волја на вистината, знаете и добро да не искритикувате и искарате. Но, нас ни се подеднакво драги и пофалбите и забелешките.

Бидејќи, ние сме тука за вас, да ве информираме чесно, објективно, одговорно и вистинито. Некогаш да ви помогнеме подобро да ги разберете фактите и голите економски бројки, берзанските индикатори, статистичките графикони и табели..., некогаш да откриеме некоја пикантна бизнис информација, која можеби ќе ви помогне во вашите деловни размислувања, а некогаш и добро да „подбереме“ одредена компанија, институција, а често и самата Влада, кога не сосема исправно или легално си ја вршат работата, па да им ги отвориме очите и на јавноста, и на органите кои треба да се позанимаваат со таквиот тип на дејствување.  Повеќе на Фактор.мк