Актуелно // Жолта минута
„Додека беше на хемотерапија, ми се јави да ме праша до каде е песната“: Пријател на Саша Поповиќ откри што му оставил во аманет неколку дена пред смртта

Кога Саша Поповиќ почина, Џани објави снимка од последната вечер помината со него, која воедно е и последен запис од основачот на „Гранд“.
За таа вечер зборуваше и музичкиот уредник и пријател на Саша, Микица Гачиќ.
– Се врати на 30 декември од Париз. Сакам да дојдеш со тројца-четворица од оркестарот, ќе направиме журка, ми рече. Најголема желба ми е да пее Марко Гачиќ, рече Саша. Имаше насмевка, беше пресреќен. Џани исто така беше таму кога ја пеевме тажната песна за Сузана, неговата сопруга. Можете ли да верувате дека само 24 часа претходно ги примаше последните шест дена хемотерапија – рече Гачиќ за К1 телевизија.
Тој откри и дека Саша му оставил аманет – да сними дует помеѓу неговиот син Марко и млада пејачка од Крагуевац, која не учествувала во нивното натпреварување.
– Рече: „Мораме да снимиме песна, ова се два најубави вокали.“ И додека беше во Париз, ме бараше да праша дали сме нашле песна. И покрај болките, тоа му беше важно. Пред два дена ја завршивме песната, ќе ја објавиме во негова чест – рече Гачиќ.Извор: Информер