Емисија 09.06.2020: Тик Так и Зорка на „Радио 2“

Одличен почеток на денот за сите ранобудници со Тик Так и Зорка на „Радио 2“. Сега нивните емисии може да ги слушате и на Женски Магазин.
Политиканството конечно излезе пред медицината, па очигледно ќе си сркаме што сме си дробеле.
Еволуцијата на комарците е неверојатна. Како се имаат сменето изминативе 10 години дознавате од деталната серо-биолошка анализа на Тик Так и Зорка
Иако сите сакаме да веруваме дека во Македонија нема дискриминација, таа не демне на секој чекор, дури и онаму каде што најмалку очекуваш, во салони за убавина.
Денес го имавме првиот мултинационален роденден, благодарени на Минг Ли од Кина а за крај анализираме колку е битна политиката и како, иако политичарите мислат дека се дар од господа, многу брзо забораваме дека воопшто постоеле. А Тик Так и Зорка имаат идеја како може вечно да ги паметиме!
Се што пропушти утринава, сумирано во 30 минути, ОВДЕ