Емоции и акции: Зорица Поповска, тренер за личен и професионален развој

Добивај вести на Viber

Начинот на кој се чувствуваме, може да биде поттикнат од надворешни настани.

Тоа може да влијае на нашето однесување. Начинот на кој ќе се однесуваме, ќе одреди како ќе се чувствуваме.

Секако, и спротивното е исто така точно и многу повеќе во наша активна контрола.

И сега е совршен момент за да го научиме тоа. Не затоа што мораме, туку затоа што е помудар и подобар избор за нашата лична состојба и животни резултати.

Во животот ние не можеме да контролираме што ќе се случува надвор од нас. Но ние можеме да контролираме и да одлучиме на кој начин ќе гледаме на тие настани. Тука лежи нашата лична слобода и нашата можност за избор. 

Сите ние периодов искусуваме нешто што се случува надвор од нас и сите знаеме што е тоа. Како може да не знаеме? Но нашиот автоматски одговор – анксиозноста и стравот од болест, грижата за блиските, грижата за финансиските последици и сите други црни сценарија – во голем дел се плод на нашата имагинација, ние самите ги креираме во нашите умови.

Начин за да ја надминеме оваа природна тенденција е да ја градиме нашата ментална и емоционална резилиентност преку одржување на оптимистичен и позитивен начин на размислување. Резилиентност не е само способност за брзо прилагодување после кризен настан, туку надминување на овие искуства со збогатена смисла за себе и за тоа што животот претставува. Тоа е вештина - сет од однесувања и забележување на сопствените мисли, свесна замена на неконструктивните мисли со сакани мисли и исходи. И како и секоја друга вештина, може и вреди да се научи и усоврши.

Во оваа прилика со вас споделувам корисни начини за градење на резилиентност во насока на брзо справување со кризи и трауматски настани.

°  Поврзете се. Добри релации со членови на семејството, пријателите или други се значајни. Прифаќањето помош и подршка од оние коишто се грижат за вас и ве слушаат, ја зајакнува вашата резилиентност. Помагање на други кои имаат потреба, исто така ве зајакнува и вас самите.

°  Избегнувајте да ги гледате кризите како несовладливи проблеми. Не можете да го смените фактот дека кризни настани се случуваат, но можете да го смените начинот на кој ги интерпретирате истите и начинот како одговарате на овие настани. Погледнете над моменталната ситуација, на начин што ќе ја замислите иднината подобра.

°  Прифатете дека промената е дел од животот. Со прифаќање на околностите кои не можат да се сменат, вие се фокусирате на околностите на кои можете да влијаете.

°  Движете се кон вашите цели. Поставете некои реални цели и правете нешто секојдневно – дури и доколку изгледаат како мали постигнувања – кои ќе овозможат да се движите напред кон вашите цели. Прашајте се: “Која е една работа за која знам дека можам да ја завршам денес, која ќе ми помогне да се движам во саканата насока?”

°  Превземете одлучувачки чекори. Делувајте врз неповолните ситуации колку што можете повеќе. Тоа е подобро отколку комплетно да се оддалечите од проблемите, притоа да бидете под стрес и да посакувате проблемите сами од себе да исчезнат.

°  Барајте можности за себеоткривање, себеосознавање. Често луѓето учат за себе и прераснуваат во повеќе, како резултат на некоја нивна загуба или страдање. Често луѓето кои се соочиле со тешки периоди и предизвици во својот живот, подоцна изјавуваат дека имаат подобри реалции, се чувствуваат посилно, имаат зголемена самодовреба и одржуваат поголема почит кон животот.

°  Негувајте позитивен поглед кон себе. Развивање на самодоверба во вашата способност да ги решавате проблемите и верба во вашите инстинкти ви помага да изградите резилиентност.

°  Гледајте ги работите во поширока перспектива. Дури и во тешки ситуации и проблеми, ставете ја ситуацијата во поширок контекст и држете долгорочна перспектива.

°  Одржувајте надеж. Оптимистичниот поглед ви овозможува да очекувате добри работи да се случуваат во вашиот живот. Визуелизирајте го тоа што го сакате, наместо да се грижите околу тоа што ве плаши.

°  Грижете се за себеси. Посветете внимание на вашите потреби и чувства. Ангажирајте се во активности во кои уживате и кои се релаксирачки за вас. Бидете физички активни. Клучот е да најдете начини кои функционираат за вас.

Преку овие едноставни начини, ние почнуваме да поттикнуваме неверојатни работи. Умот почнува да се шири, очите ни се отвораат кон она што е навистина пред нас, а ние почнуваме да гледаме можности за себе и за другите кои се богати со надеж.

P.S. Знам дека овие времиња се непријатни, но сите заедно поминуваме преку ова. Останете сигурни и во добро здравје. Се ќе биде добро.

  -----------------------

Доколку ви се допадна овој текст и би сакале да следите повеќе интересни развојни содржини, следете не на социјалните мрежи:

Sensum Training and Coaching on Linkedin

Sensum Training and Coaching on Facebook

Sensum Training and Coaching on Instagram

Вашите прашања и коментари можете да ги испратете на: zorica.popovska@sensum.mk или info@sensum.mk

Подготви: Зорица Поповска

Тренер за Личен и Професионален Развој (НЛП, Коучинг)