Емотивна причина: Принцезата Дајана по разводот со принц Чарлс никогаш повеќе не облече Шанел

Добивај вести на Viber

Особено по разводот од принцот Чарлс, принцезата Дајана внимателно ја избираше облеката и пораката којашто ја испраќаше со неа, а неретко позади тоа се криеа и приватно, за неа емотивни причини.

Принцезата Дајана редовно носеше облека од модниот бренд Шанел сè додека не се разведе од принцот Чарлс. После тоа, таа едноставно не можеше да ја носи повеќе.

Колку таа била влијателна во светот на модата, потврдува фактот дека веднаш откако ќе облечеше некое ново парче, жените ширум светот буквално „полудуваа“ по тоа парче облека.

Сепак, како што стануваше позрела, таа научи внимателно да ја одбира облеката и пораката што ја испраќа со своите избори - особено во годините по разводот од принцот Чарлс.
Иако пред тоа навистина го обожаваше Шанел, во 1996 година одлучила да престане да носи облека од овој бренд.

За време на патувањето во Австралија, таа на својот пријател, дизајнерот Џејсон Брундсон му рекла дека логото со двојно „C“ наликува на иницијалите на имињата на Чарлс и Камила.

- Секогаш кога ќе видеше двојно Ц кое е лого на марката Шанел, се потсетуваше на Чарлс и Камила. Во исто време, таа не сакаше луѓето да го поврзат логото на облеката со нив двајца – изјави Џејсон.

А токму во 1996 година нивниот развод беше финализиран, годината кога принцезата Дајана се збогуваше со нејзиниот омилениот бренд.

Извор: telegraf.rs

фото:printscreen