Естетски хирург ги разоткри познатите ѕвезди: Која е зависна од операции, а чии се речиси незабележливи (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пластичниот хирург д-р Чарлс Ли откри што оперирале познатите жени

Д-р Ли ги нема направено процедурите на познатите личности за кои зборува, но тој е експерт кога станува збор за лифтинг, липосукција и филери.

Во серијата видеа објавени на „TikTok“, тој ги анализира фотографиите „пред и потоа“ на Кендал Џенер, Аријана Гранде, Клои Кардашијан.

Аријана Гранде

View this post on Instagram

A post shared by Charles Lee (@drlee90210)


Д-р Ли ја спореди фотографијата на Аријана на 27 и 15 години и смета дека таа ги подигнала веѓите, ѝ ги подигнале горните очни капаци и го оперирала носот и брадата. А Аријана Гранде рече дека не посетила пластичен хирург и дека се трансформирала по пубертетот.

Клои Кардашијан

View this post on Instagram

A post shared by Charles Lee (@drlee90210)


Д-р Ли вели дека Клои имала еден тон процедури, но се восхитува на нејзиниот изглед. Му се чини дека го има направено челото, очните капаци, коси очи, извадила сало од образите, направила липосукција на вратот, неколку пати ги оперирала брадата, носот, и има филери во усните.

Деми Мур

View this post on Instagram

A post shared by Charles Lee (@drlee90210)


Во јануари, д-р Ли го коментираше наводното фејслифтирање на актерката по ревијата на Фенди, кога обожавателите масовно прашуваа - што се случи со Деми Мур. Таа имаше класични „џокер линии“ по фејслифтингот. Тие линии се јавуваат кај пациенти кои имаат ризична анатомија, особено оние со рамни, големи образи.

Деми продолжува да негира дека направила нешто на лицето, а во 2019-та година рече дека навистина ја нервира што луѓето зборуваат за тоа колку потрошила на пластични операции.

Кендал Џенер

View this post on Instagram

A post shared by Charles Lee (@drlee90210)


„Можам да видам дека ги кренала веѓите, тоа можеби било дел од постапката кога ѝ ги закосиле очите и ѝ ги подигнале очните капаци“, вели д-р Ли. Тој мисли дека Кендал го оперирала и носот, но тоа не е сè.

„Има убави заби, мислам дека веројатно ставила филери во усните, вбризгувала ботокс и некои други филери во лицето. И покрај сè - се согласувам дека таа е Кардашијанката што изгледа најприродно“, заклучи тој.

Д-р Ли истакнува дека во Холивуд е сосема нормално ѕвездите да се „разубавуваат“.


Извор: stil.kurir.rs