Еве како денес изгледаат манекените од познатите спотови на Цеца од 90-тите: Згодниот дрвосечачот е ќелав
Сите девојки беа луди по нив во тие години, беа згодни, млади и славни, а денес изгледаат сосема поразлично.
Во средината на 1990-тите, Светлана Цеца Ражнатовиќ направи револуција во поп-музиката кога станува збор за музички спотови.
Сè започна во далечната 1993 година со филмска приказна која беше адаптирана за песната „Kukavica“. Главниот лик беше моделот Горан Андрејиќ. Денес, Горан живее семеен живот и се занимава со работа која не е поврзана со медиумите, а малкумина знаат дека се оженил со поранешната сопруга на колега на Цеца, Наташа.
Во 1994 година, Бане Ерчиќ глумеше во музичкиот спот „Znam“. Тој сè уште живее во Белград и работи како професионален физиотерапевт. Со манекенството, како и сите млади мажи од видеата на Цеца, се запознал преку режисерот и познат фотограф Дејан Милиќевиќ.
Никола Павловиќ, пејач и угостител, играше згоден рок-гитарист во песната „Ljubav fatalna“. Тој е оженет и има дете.
Ѓорѓе Дувњак е можеби најпознатиот од сите манекени на Цеца бидејќи го играше ликот на познатиот дрвосечач во хит-видеото за песната „Idi dok si mlad“. Можеби најмногу го променил својот изглед, бидејќи долгата коса што ја имаше во видеото ја замени со избричена глава!
Во 1990-тите, Бојан Милошевиќ беше вклучен во бројни музички видеа и џинглови, но неговиот забележителен настап беше во песната на Цеца „Neodoljiv, neumoljiv“. Бојан денес ја замени долгата коса со кратка, а на социјалните мрежи важи за еден од најстилските мажи кои често може да се видат на светските дестинации во друштво на познати лица.
Малкумина знаат дека видеата на Цецa ги снимал Дејан Милиќевиќ во тој период, кој заедно со Цецa направи бум на српската јавна сцена, а потоа соработуваше со многу големи странски ѕвезди, како и ѕвезди од Македонија, помеѓу нив беа Маја Вукичевиќ, Маја Гроздановска Панчева, Тијана Дапчевиќ и други.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Pink.rs