Животна училница // Приказни
Еве колку често треба да се пере облеката што ја носиме по дома

Облеката што ја носиме низ домот треба често да ја
переме заради потта
За време на вонредна состојба поради епидемијата
на коронавирусот, ние го поминуваме своето време во самоизолација, а облеката
што ја носеме на работа ја заменивме со удобни тренерки и џемпери.
Но, прашањето е колку често треба да се перат?
Експертите откриле дека перењето на тренерките
треба да биде почесто, колку почесто тренерките се во допир со нашата кожа, толку
почесто треба да се перат.
„Ако вежбате или не се туширате редовно (секој ден), облеката се валка побрзо “, објаснува директорот за истражување на козметички и клинички дерматологии во болницата во Њујорк, др. Џошуа Зихнер, и додава дека како што секојдневно ја менуваме нашата долна облека, така треба и нашите тренерки, односно нашата облека за по дома.
Маиците и тренерките се како долна облека, цело време во контакт со телото, а ако вежбате во нив, треба да ги перете после секоја нивна употреба.
Значи, ако вежбате, идеално е да ја смените тренерката по секоја употреба, а максималниот број на носење на иста тренерка во денови, иако не се препорачува, е четири. Експертите велат дека кој било подолг од овој период може да доведе до формирање на дополнителен себум, првут, акни и чешање на кожата.
Ако не вежбате во тренерки, туку само ги носите по дома, не заборавајте да ги исперете барем двапати неделно. Ова ќе ја зачува еластичноста на материјалот.
Иако не излегуваме надвор, треба да ја менуваме
често секојдневната облека.
На колку степени треба да се пере облеката во машина за да се уништат бактериите?