ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИСПЛАТИ ЦРВЕН КРСТ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ПОЧИНАТИТЕ И ПОВРЕДЕНИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ А КОИ СЕ ВО СТРАНСТВО: Информациите ги објави Црвен крст

Добивај вести на Viber

Црвениот крст информира дека заклучно со денешниот ден собрани се 102.410.247,00 денари. Досега е извршена исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

-Во тек е прибирање на податоци за повредените лица хоспитализирани во болниците во државата во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата. По добивање на списоците веднаш ќе се изврши исплата на средства. Се надеваме во почетокот на наредната недела. Веднаш потоа ќе се пристапи кон усогласување на критериумите за исплата на останатите средства на настраданите, велат од македонскиот Црвен крст.

Во континуитет, нагласуваат, Црвениот крст продолжува со испораката на психосоцијална поддршка на настраданото население преку ангажирани над 100 психолози во соработка со Комората на психолози на Македонија.

Во соработка со училиштата се организира секојдневна поддршка за наставници и ученици за справување со настанатата ситуација, како и припадници на противпожарната бригада и припадници на Министерството за внатрешни работи. На барање на универзитетите Црвениот крст организира обуки за прва помош и психолошка прва помош за студентите.

Подетално на ФАКТОР ТУКА.