ФЕНГ ШУИ: Еве како да го „нахраните“ и „одржувате“ домот

Нашиот простор е огледало на нас самите. Сигурно многу пати сте ја слушнале оваа теорија.
Но, колку има вистина? Ајде да се се сетиме колку сме радосни кога нашиот простор е убаво уреден.
Менуваме распоред, бои, билки, и други детали.
Фенг шуи ни кажува како да го дијагностицираме просторот. Нашето нерасположение доаѓа и од просторот.
Нашиот простор е наше енергетско поле каде секое парче има своја функција во мрежата.
Секоја алка треба да функционира во системот, а не да биде кафез.
На тој начин нашиот простор дише и живее.
Нашиот простор е единствен, два исти не постојат.
Кога куќата ќе ја затвориме со покрив, тогаш тоа е затворање на една енергија.
Распоредот на енергијата во универзумот е дефиниран со годината на „раѓање“ на куќата.
Ако имаме на една страна врати и прозорци, тогаш влијанието на енергијата доаѓа од една страна.
Но, во денешната архитектура тоа не е така.
Со секои 15 скалила се менува енергијата во домот.
Со исправување на предмети во просторот ја „лечиме“ негативната енергија.
Многу пати тоа го правиме со внесување на билки во домот, а тоа ќе ни врати со хармонија.