Животна училница // Приказни
ФИЛИПЧЕ: Сите патници слетани пред затворање на аеродромот се во самоизолација

Утрово не се регистрирани нови заболени пациенти со коронавирус во земјата, соопшти министерот Венко Филипче.
Доцна синоќа, во рамките на скринингот, направени се тестови на 22 лица со поширока индикација а сите 22 теста се негативни на вирусот.
Бројката на заболени со вирусот во земјата е 42 лица. Пациентите, како што пишува министерот се стабилни и кај ниту еден нема влошување на состојбата.
Во текот на денот епидемиолозите ќе работат на мапирање на контактите на пациентите кои вчера беа дијагностицирани на коронавирус, а на служба во Дебар заминува педијатар од Скопје.
Во авионите кои вчера пред затворање на аеродромот слетаа во Скопје немаше патници суспектни на болест. Сите патници се во задолжителна само-изолација.