Филмот е создаден да добие Оскар: Бугарскиот актер Пеев за „Медена земја“

На неколку часа пред започнување на доделувањето на најпрестижните филмски награди, актерот и репортер во Бугарската Национална Телевизија, Даниел Пеев, ни даде свое видување за македонскиот документарец „Медена земја“ номиниран за два оскара.
„Филмот е брилијантен. Ќе кажете тоа е клише, но тоа се факти. Она што ме шокира позитивно е човештината и непознавањето на сѐ она што може да го направи таа. Недозволувањето, она да го погледне животот од другата страна. Кај мене филмот разбуди чувство на носталгија за едни минати времиња“, искрено за „Женски магазин“ зборува актерот.
Според Пеев, филмот е создаден за да земе оскар. Тој истовремено жали што во Бугарија не се зборува премногу за „Медена земја“.
„Низ медиумите може да се најде некоја добра статија за филмот. И јас разбрав од група на социјалните мрежи кои се поврзани со кино и филмови“, споделува Пеев.
Н.М.